Која е постапката за поднесување на приговор до АЕК?

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот.

Posted in: ЛЕГИСЛАТИВА