Надоградете

ЗОШТО ДА ГО НАДОГРАДУВАМ ПРЕЛИСТУВАЧОТ?

Застарените прелистувачи како што е Internet Explorer 6 (пуштен во 2001) не ги следат web стандардите, полни се со „багови“, не ги овозможуваат современите можности (табови, менаџер за преземање, итн.) и имаат безбедносни дупки подложни на вируси и малвер. Кликнете на една од врските за да прејдете на страна за преземање на најнова верзија на вашиот прелистувач.

icons-mozilla-firefoxMozilla Firefox

icons-google-chromeGoogle Chrome

icons-internet-explorerInternet Explorer


ЗОШТО ДА НАДОГРАДУВАМ JAVA?

java Јава технологијата овозможува да работите и играте во безбедно сметачко опкружување. Бидејќи во најновата верзија се вклучени најновите безбедносни поправки, надоградувањето ја подобрува безбедноста на вашиот систем .

Надогради JAVA
 
 


Како рачно да преземам и да инсталирам најнова JAVA верзија на Windows?

Написов е преземен од официјалната страна на ORACLE и се однесува на:

  • Платформ(и): Windows 8, Windows 7, Vista, Windows XP, Windows 2000, Windows 2003, Windows 2008 Server
  • Java верзии: 6.0, 7.0

Постапката за инсталирање на JAVA во општ случај се состои од:

Вообичаена големина на преземањето е 10MB. Може да биде и поголема зависно од избраните опции.
Забелешка: За инсталирањето на JAVA мора да имате администраторски допуштања на вашиот сметач.


Преземање и инсталирање

Се препорачува, пред да почнете да го оневозможите интернет огноѕидот. Во некои случаи зададените поставувања за огноѕидот ги оневозможуваат сите автоматски или online инсталирања како што е JAVA online инсталација. Ако огноѕидот не е соодветно конфигуриран може да ја запре инсталацијата. Погледнете го вашиот прирачник за интернет огноѕидот за привремено да го исклучите.

  • Одете на страната за преземање на JAVA
  • Кликнете на Windows Online
  • Се појавува дијалог за преземање и бара да кликнете Run или Save.
    • За да инсталирате веднаш кликнете Run.
    • За да инсталирате подоцна клкнете на Save (Зачувај). Изберете место и зачувајте ја датотеката на вашиот локален диск. Двојно кликнете на зачуваната датотека за да се започне инсталирањето.
  • Постапката на инсталирање е започната. Кликнете на копчето Install за да ги прифатите условите на лиценцата и да продолжите со инсталирањето.

java-1

Ќе се појават неколку кратки дијалози ; Кликнете Close на последниот. Со ова ќе се заврши постапката на инсталирање на JAVA.

java-2

java-4

ЗАБЕЛЕШКА: Веројатно ќе треба да го рестартирате (затвори и повторно отвори) вашиот прелистувач за да ја овозможите Java инсталацијата во вашиот прелистувач.


Тестирање на инсталацијата

За да тестирате дали инсталацијата на JAVA работи правилно, пуштете го овој аплет за тестирање.