Упатство за регистрација и најава на физичко лице

Регистрација на физичко лице

Превземете Упатство за регистрација и најава на физичко лице во pdf формат.

Регистрацијата на физичко лице е наменета за физички лица и радио-оператори кои со АЕК разменуваат информации по прашање на добивање на различни одобренија и/или поднесување на приговори кон системот.

Регистрацијата на физичко лице се одвива во следните чекори:

1. Регистрацијата започнува кога на почетната страна на порталот ќе се кликне на врската “Физичко лице“ што води до форма за регистрирање.

CaptureFL

2. Во Барањето за добивање на корисничка сметка за физичко лице се пополнува прикажаната форма, по што барањето се поднесува со кликнување на копчето “Поднесете”.

registracija-FL

3. Корисникот добива порака на својата адреса за е-пошта (онаа што ја напишал во барањето). Во таа порака со кликнување на обележаната врска прави потврда на барањето.

notifikacija-FL

4. Корисникот добива известување по e-пошта за новоотворената корисничка сметка

izvestuvanje-FL

Најава на корисник

За пристап до порталот на агенцијата за електронски комуникации, корисникот ги внесува своето корисничко име и лозинка, коишто ги добил преку процесот на регистрација, на почетната страна на порталот: https://e-agencija.aek.mk/

Capture

Доколку внесените кориснички информации се валидни на корисникот му е одобрен влез на порталот.

Заборавена лозинка

Доколку корисникот ја заборавил лозинката кликнува на врската „Ја заборавивте лозинката?“. Откако во формата што му се отвора ќе ја внесе својата адреса за е-пошта и кликне на копчето „Прати ми нова лозинка“, добива порака по е-пошта со нова лозинка.