Превземете Упатство за користење на услуга – Приговор од краен корисник во pdf формат.
За услугата
Согласно законот за Електронски комуникации претплатникот има право да поднесе приговор против одлуките или активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори.
За достапност на услугата за Е- приговор, најпрво корисникот треба да се најави како физичко лице на почетната страна или на https://e-agencija.aek.mk/aek-crm-portal/Pages/Public/Login/Login согласно упатството за регистрацијаи најава на правно и физичко лице.
Корисничката постапка за поднесување на Е-приговор е следната:
1. Корисникот се најавува во системот.
2. Од делот за навигација се одбира копчето „ПРИГОВОРИ ОД ГРАЃАНИ“.
3. По отворање на формата за Приговори од граѓани, се пополнуваат основните податоци за корисникот.
4. Во продолжение на истата форма се пополнуваат податоци за потпишаниот договор со операторот и причината за приговор на истиот. Исто така во табелата за прилози има можност за прикачуваање на документи кои се во врска со приговорот.
5. Кога веќе е пополнета формата за податоци за корисникот и податоци за приговорот, треба да се кликне на копчето „Зачувај“, кое што се наоѓа во долниот лев агол. Ако барањето не е потполно, при клик на копчето зачувај, ќе се појави известување за задолжително завршување на неопходните чекори.
6. Ако корисникот се премисли и не сака да го поднесе барањето, може во секој момент да кликне на копчето „Откажи“ кое што се наоѓа веднаш до копчето „Зачувај“ во долниот лев агол. Со откажување на документот се прекинува процесот на поднесување на Приговор од корисници.
7. Со последниот чекор од овој дел се заокружува процесот на поднесување на Приговор од краен корисник.
8. Истовремено на поднесената маил адреса добивате повратна информација дека приговорот е поднесен, со што влегува во процедура на разгледување во АЕК.
9. При повторна најава на системот со Вашето корисничко име и лозинка, во „Мои Документи“ имате можност да ги следите сите Ваши поднесени барања и изготвени решенија донесени врз основа на Вашиот приговор.