Упатство за регистрација и најава на правно лице

Превземете Упатство за регистрација и најава на правно лице во pdf формат.

Регистрација на правно лице – ОПЕРАТОР

Фазите на регистрација на корисничката сметка за правното лице се следните:

1. Регистрацијата започнува кога на почетната страна на порталот ќе се кликне на линкот “Правно лице” којшто води до форма за регистрирање.

CapturePL

2. При поднесување на барање за корисничка сметка за правно лице -оператор се пополнува прикажаната форма по што барањето се поднесува со клик на копчето “Поднесете” (информациите прикажани на сликата се само илустративни)

registracijaPL

3.Правното лице – оператор добива порака на адресата за е-пошта (онаа што ја напишал во барањето). Во таа порака со кликнување на обележаната врска прави потврда на барањето.

notifikacija4. Одговорно лице во АЕК дава потребни привилегии за бараната корисничка сметка.

5. Правното лице – оператор добива повратна информација на поднесената адреса за е-пошта дека барањето е одобрено по што корисничката сметка е отворена за даденото правно лице – оператор.

povratna informacija

Со оваа процедура правното лице – оператор ја добива т.н. главна сметка (master account) со која може да се регистрираат нови вработени одговорни за дадени услуги во комуникацијата и размената на податоци со АЕК.

Оваа главна сметка има значење на правно лице и администратор на останатите кориснички сметки кои правното лице самостојно дополнително би ги креирало.

Регистрација на вработен(и) од страна на ОПЕРАТОРОТ

Регистрацијата на вработен(и) од страна на Операторот, најчесто има смисла кај Операторите кои сакаат да ги делегираат одговорностите на своите вработени од аспект на одговорни лица и законски застапници. За секој вработен се креира засебна корисничка сметка.

Регистрацијата на вработени од страна на правното лице се одвива во следните фази:

1. Правното лице во делот на поставувања на своите кориснички сметки, отвора нови дополнителни кориснички сметки како засебно барање према системот.

Чекор 1.1:

registracija vraboteni

Чекор 1.2: Со клик на копчето “Додади во табела” се креира засебно барање за корисничка сметка која се запишува во табелата под формата за регистрирање

postavuvanja za korisnik

Чекор 1.3:  Клик на копчето “Зачувај” ги создава сите кориснички сметки кои се наоѓаат во табелата (во илустрацијата е внесена само една корисничка сметка)

fizichki lica registracija

2. Барањето за дополнителна корисничка сметка автоматски се одобрува во системот, без интервенција на одговорно лице во АЕК и претставува дел од административната процедура која што се прави од страна на операторот.

3. Вработениот на својата адреса за е-пошта добива известување за пристапно корисничко име и лозинка во системот.

vraboten-izvestuvanje

Најава на корисник

За пристап до порталот на агенцијата за електронски комуникации, корисникот ги внесува своето корисничко име и лозинка, коишто ги добил преку процесот на регистрација, на почетната страна на порталот: https://e-agencija.aek.mk/

Capture

Доколку внесените кориснички информации се валидни на корисникот му е одобрен влез на порталот.

Заборавена лозинка

Доколку корисникот ја заборавил лозинката кликнува на врската „Ја заборавивте лозинката?“. Откако во формата што му се отвора ќе ја внесе својата адреса за е-пошта и кликне на копчето „Прати ми нова лозинка“, добива порака по е-пошта со нова лозинка.