Што треба да сторам до колку операторот ја одолговлекува постапката за пренесување на мојот број кај друг оператор?

Со измените на Правилникот за пренесување на број, дадени се фиксни временски рокови во коишто Операторите треба да ја спроведат постапката за пренесување на број и се избегнува одоговлекувањето. Покрај се, доколку имате проблеми со постапката за преносливост на броеви, Поднесете приговор прво кај операторот кој што ја обезбедува услугата, доколку претплатникот не е задоволен од одговорот, истиот може да го поднесе во АЕК.

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или  активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори. Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот. Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 дена  од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот. Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата (AEK). Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата(АЕК) во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот  до операторот, или на бројот на Контакт центарот на АЕК 190.

Posted in: ТЕЛЕФОНИЈА