Операторот и/или давателот на услуги треба јавно да ги објави следните податоци:
- брзина на пренос на податоци во двете насоки (downstream и upstream),
- информација за максималната вредност и минимум гарантираната вредност за брзина на пренос на податоци кои ќе ги добие претплатникот, помеѓу мрежната завршна точка и точка на операторот и/или давателот на услуги каде што тој е поврзан со друга јавна комуникациска мрежа, , вклучената количина на податоци и цената и условите при надминување на оваа количина;
- информации за ограничувања што можат да бидат наметнати кон претплатникот, при тоа јасно дефинирајќи ги условите кои се причина за секое ограничување посебно.
Претплатникот нема обврска да ги врати субвенциите што ги добил, или пак да му бидат наплатени казнени пенали, доколку го раскине претплатничкиот договор пред истекот на договорениот период поради тоа што операторот и/или давателот на услуга во тек на два месеци по ред не му ја испорачува услугата со квалитетот утврден во претплатничкиот договор, односно испорачаната услуга е под минимално гарантираната брзина на пренос на податоци.
Posted in: ИНТЕРНЕТ


