Ако користите Google Chrome 42+

Овозможување на NPAPI во Chrome верзија 42 или понова

Од верзија 42 за користење на NPAPI додатоците потребен е дополнителен конфигурациски чекор.

  1. Во вашиот URL бар, внесете:
    chrome://flags/#enable-npapi
  2. кликнете на врската Enable за да ja овозможите (Enable NPAPI) опцијата.
  3. Кликнете на копчето Relaunch што ќе се појави на дното на страната за конфигурација.

На Java додатокот му е потребно одобрување

Ако видите порака во Chrome Java(TM) needs your permission to run, треба да одговорите во опциите на Chrome за додатокот да може да се извршува. Опциите варираат во зависност од верзијата на Chrome.

Во адресниот бар има блокирана икона на Chrome додаток

Кликнете на блокираната икона во адресниот бар. Ќе се појави порака „Додатоци беа оневозможени на оваа страница“ (Plug-ins were blocked on this page) и опциите за додатокот.

  • Кликнете на Always allow plug-ins on [name of site] за да допуштите додатоците да се извршуваат на сите страници на оваа интернет-страна.
  • Кликнете на Run all plug-ins this time за да допуштите содржината на додатоците (вклучително Java) да се извршуваат само до напуштање на страницата.
  • Кликнете на Continue blocking plug-ins за да спречите додатоците да се извршуваат на оваа страница.

Исто така можете да управувате со допуштањата преку опцијата Manage plug-in blocking.

Chrome бар за пораки

  • Кликнете на Run this time за привремено, до напуштање на страницата, овозможите извршување на Java содржината.
  • Кликнете на Always run on this siteза да овозможите извршување на Java содржината на сите страници од оваа веб страна.

Потребни се дополнителни додатоци (Additional plug-in required)

Ако се појави порака „Потребно е Java(TM) за да се прикажат некои елементи на оваа страница“ (Java(TM) is required to display some elements on this page), кликнете на Install plug-in или преземете од java.com.

Додатокот е застарен (Plug-in out of date)

Ако видите порака „Java(TM) е блокиран затоа што е застарен“ (Java(TM) was blocked because it is out of date), кликнете на Update plug-in во пораката од Chrome за да ја преземете последната верзија на Java.


Препораките се преземени од службената страна на Java https://java.com/en/download/faq/chrome.xml#npapichrome.