Дали може да го раскинам договорот со операторот пред истекот на рокот без да плаќам казнени пенали?

Претплатникот може да го раскине претплатничкиот договор со операторот и/или давателот на услуги лично со поднесување на писмено барање на образец пропишан од страна на операторот и/или давателот на услуги, а објавен во неговите општи услови за пристап и користење на комуникациските услуги и во рок определен во претплатничкиот договор, при што треба да ги намири сите доспеани обврски кон операторот и/или давателот на услуги, или со поднесување на барање за пренесување на број кај друг оператор и/или давател на услуги на начин определен во Правилникот за преносливост на броеви. Претплатникот и по раскинувањето на претплатничкиот договор ќе биде одговорен за плаќање на сите трошоци кои биле направени од негова страна, а кои евентуално се фактурирани со задоцнување или се фактурирани, а не се платени од страна на претплатникот. При раскинување на претплатничкиот договор, претплатникот треба да ги врати комуникациските средства во сопственост на операторот и/или давателот на услуга во исправна состојба, која ја утврдува операторот и/или давателот на услуги при преземањето на средствата.

Posted in: ЛЕГИСЛАТИВА